Најмалото бебе на светот преживеа, ја напушти болницата и сега може да живее нормален живот
Најмалото бебе на светот
Во август минатата година во болница во Јапонија се роди најголемото „мало” светско чудо. Момчето кога се роди тежеше само 268 грама, а сега тоа си замина дома како победник и ужива со неговите родители.
Докторите во болницата на Универзитет „Кеио” во Токио го пуштија дома најмалото родено бебе на светот, кое откако се роди во август минатата година сега конечно можеше да ја напушти болницата.
Бебето е родено на 24-та недела од бременоста и имало само 268 грама. Бебето беше толку мало кога се роди што можеше да го собере во дланките.
Момчето помина речиси шест месеци во болницата и неговата тежина за овој период се зголеми на 3.238 грама.
Малиот е роден во август минатата година со итен царски рез затоа што неговата тежина во стомакот на мајката не се зголемувала. Лекарите процениле дека неговиот живот е во опасност и бил изнесено од утробата на својата мајка. Тие брзо го сместиле во единица за интензивна нега, каде што управувале со неговото дишење и исхраната.
Сè одеше според планот, а детето добиваше тежина.
По некое време, бебето можеше да цица и тогаш докторите беа свесни дека најлошото поминало.
Претходниот рекордер е едно момче кое беше родено во Германија и имаше само 274 грама. Тоа се случи во 2009 година и е познато бидејќи Универзитетот во Ајова води евиденција за најмалите деца на светот.
Во светот досега се забележани раѓања на 23 бебиња кои се родиле со помалку од 300 грама тежина и успеале да преживеат. Само четири од нив беа момчиња. Експертите велат дека тежината на роденото бебе под 1000 грама е со поголема веројатност да му сопре срцето, да има проблеми со дишењето или од инфекција да дојде до сериозни болести, а причината се сé уште недоволно развиените органи.
Стапката на преживување на таквите бебиња во Јапонија и другите развиени земји достигна до 90 проценти во последниве години. Но, оваа стапка паѓа кај бебињата, особено кај момчињата, родени со помалку од 300 грама.
„Сакам луѓето да знаат дека децата можат да се вратат дома силни, па дури и ако се родени многу мали”, вели д-р Такеши Аримицу од болницата на Универзитет „Кеио” .
Најмалото бебе во Македонија
Најмалото бебе во Македонија се роди минатата година и е тримесечно бебе кое е запишано како прво новороденче дојдено на свет во 23 недела. Бебето се роди на Клиниката за гинекологија во Скопје, каде што ги помина своите први 100 дена од животот пред да биде пуштено дома.
Бебето се роди со тежина од околу 700 грама.