Најзгодната навивачка на Светското првенство добива пoнуди за брак и од фудбалерите во Катар
Хрватската манекенка Ивана Кнол добила десетици предлози за брак и “пикантни” пораки од некои од ѕвездите на Светското првенство во Катар, открива MailOnline.
26-годишната манекенка, која секој ден добива неверојатни 200.000 следбеници на Инстаграм, изјавила дека е шокирана затоа што некои нејзини обожаватели мислеле дека таа е „лесна жена“.
Таа открила дека во некои од пораките има покани за запознавање од фудбалери кои играат на Светското првенство.
Таа изјавила: „Само се забавувам. Претпоставувам дека на луѓето им се допаѓам затоа што изгледам убаво. Не сум заинтересирана да се сретнам со никого овде. Мојата намера е да ги насмеам луѓето, тоа е сѐ”.
Таа призна дека била загрижена откако ѝ било кажано дека крши закони во Катар, шетајќи во провокативна облека и се плашела дека ќе добие забрана за влез на стадионите.
Но, таа пристигнала на стадионот Лусаил синоќа на натпреварот Хрватска-Аргентина, четири часа пред почетокот за да биде со останатите навивачи и да се фотографира.
Таа дневно добива по 200.000 следбеници, а сега веќе има над 2,7 милиони.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол
ФОТО: Инстаграм / Ивана Кнол