Марија Нацева досега безброј пати е прогласувана за најзгодна девојка во Македонија
Познатиот фитнес модел која сега е инструкторка по фитнес во Абу Даби досега има освоено бројни титули, а според мислењето на многу мажи таа е сопственичка на најубавото тело во Македонија.
Бидејќи во своето тело вложува големи напори за да изгледа како милион долари, нормално е да важи за една од најзгодните дами во нашата земја, а со тоа се согласува секој што ќе ги види нејзините фотографии.
Марија на својот профил на социјалните мрежи редовно објавува фотографии со кои ги доведува до лудило претставниците на посилниот пол, но и видеа од кои можеме да видиме и да научиме некои од нејзините вежби.
Нацева вежба речиси секојдневно и благодарение на упорните тренинзи и правилното вежбање изгледа феноменално.
Преферира да вежба во теретана, а кога има слободно време ужива во прошетки покрај убавите песочни плажи, но и да прави фотографии за социјалните мрежи.