Најдобриот хотел за 2019 изгледа како во рајот – за едно ноќевање треба да платите 4800 долари
Ресортот „Kudadoo“ во Малдивите е прогласен за најдобро ново луксузно одморалиште за 2019 година, пишува „Business Insider“.
Во ова мало одморалиште има 15 резиденции со по една или две спални. Овие апартмани се опкружени со океан во тиркизно сина боја, а за оние на кои тоа не им е доволно, во внатрешноста на секој апартман постои и „infinity“ базен. Одморалиштето е отворено на 26 декември, но веќе привлече многу гости од цлиот свет со длабоки џебови.
Хотелот е горд и на својот „eco-friendly“ туризам – покривот на ресортот кој се состои од 984 сончеви панели во секое време создава доволно енергија за 50 гости и 100 вработени. Исто така, тие ја исфрлиле пластика од употреба (без пластични цевчиња, садови, прибор и сл…)
„Kudadoo“ е одморалиште само за возрасни, што значи дека само оние кои се постари од 15 години можат да престојуваат на ова волшебно место.
https://www.instagram.com/p/BsaglFSjVZG/?utm_source=ig_embed
Можно е да се изнајми целото приватно одморалиште и во тој случај добредојдени се гости од сите возрасти.
https://www.instagram.com/p/BpjVC9Ono00/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BuiivqlgB1i/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BuqvWD4gOAZ/?utm_source=ig_embed
Во рамките на одморалиштето има велнес, бар и ресторан и се служи морска храна фатени во локалната област. Исто така постои и теретана, а гостите можат да одат на јога, а достапен им е и гури за медитација.
https://www.instagram.com/p/BtDl2I6gFkx/?utm_source=ig_embed
Едно ноќевање во апартман со една спална соба, за две лица, изнесува 3400 долари, додека оние апартмани кои се со по две спални – 4.800 долари.
https://www.instagram.com/p/BtNu6XAgpFh/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BuY6AUWg4Nv/
https://www.instagram.com/p/BuQV02wAsRh/
https://www.instagram.com/p/BuyCXV6Ab92/