Најдобриот хармоникаш во Македонија сподели прекрасна вест – пристигнуваат честитки од сите, Војче е пресреќен (фото)
Еден од најпопуларните и најдобрите хармоникаши во моментов во Македонија, Војче Петрушев доживеа огромна среќа која ја сподели со своите фанови.
Музичарот кој со своите виртуозни интерпретации на хармоника ја негува и надоградува традиционалната македонска музика соопшти прекрасна вест.
Војче е дел од групата Маестро, но и член на Ансамблот за народни игри и танци ТАНЕЦ, а приватно неколку години е во брак со неговата избраничка Моника.
Иако многу ретко зборува за својот приватен живот, понекогаш знае да сподели фотографии и објави поврзани со неговото семејство.
Во 2019 години клекна и ја запроси својата сакана Моника, а за романтичниот чин објави на Фејсбук и откри дека раката на неговата избраничка ја побарал со дијамантски прстен.
„Дијамант за моето богатство“, напиша музичарот во опис на фотографијата што ја објави на „Фејсбук“.
За нивната свадба пишуваа сите медиуми.
На свечениот настан присуствуваа најблиските, поширокото семејство, роднините, голем број пријатели и многу колеги од естрадата.
Церемонијата се случи во познат ексклузивен скопски редторан, а беа испочитувани сите македонски свадбени адети. Но, и покрај тоа имаше голема забава, а за атмосферата се погрижи и самиот хармоникаш кој исто така засвире.
По свадбата хармоникашот на својот фејсбук профил сподели статус со благодарност на сите кои свадбениот чин нему и на неговата сакана им го направиле незаборавен ден за паметење, најубав во животот!
Деновиве се случи нова среќа во семејството.
Имено, Моника и Војче станаа родители, го добија своето прво дете – ќерката Миа.
Убавата вест на Фејсбук ја сподели и музичарот.
„Ни се роди девојче”, напиша тој на социјалните мрежи.
Честитки не престануваат да пристигнуваат од сите страни.
Неговиот Кум сега ќе има уште една прекрасна должност – крштевање на детето.
Кум на музичарот му е неговиот колега и пред се другар, виртуозот на Виолина Илија Филиповски.
И двајцата се дел од Маестро и од ТАНЕЦ и поголемиот дел од времето се заедно.
Токму тоа што се постојано заедно може да доведе до презаситување и настанување на кинфликти, но тие со текот на времето научиле како да се справат во тие моменти и да го одржат другарството.
Велат дека најчесто се караат за доцнење. Секогаш тој што доцни е Илија, па после тоа знае да се случи и по некоја мала кавга.
„Многу е тешко да се одржи пријателство, посебно затоа што сме со многу работи поврзани. Голем предизвик е да се сочува другарството. Како пријатели ако не си ги прифатиме и маните и доблестите нема да успееме“, изјави Илија.
За Илија и Војче многумина велат дека дури и физички наликуваат, па луѓето и на свадби многу често ги мешаат.
Несомнено е дека долго се славело по раѓањето на Миа, а публиката со нетрпение очекува да види и на кој повеќе личи малата принцеза.