Најдобриот СВАДБЕН ТАНЦ во МАКЕДОНИЈА -Невестата и младоженецот РАСТУРИЈА од играње!
Зошто сите ги споделуваат?
Наташа Стојанова и Константин Богданоски се младенците кои викендов правеле свадба а еве зошто сите го споделуваат нивниот сведбен танц.
Преубавите невеста и младоженец одлично се подготвиле за отворањето на нивната венчавка. Најверојатно се работи за професионални танчери, а доколку не очигледно е дека имаат голем талент за ритам и можеби и треба да подразмислат за се занимаваат со танц.
За нивната свадбена точка да изгледа на високо ниво Наташа и Константин ја ангажирале реномираната зумба инструкторка Кате која ги подготвила како за на спот.
Филмско изгледа нивното движење и оригиналност , толку природно се однесуваат што ги стоплија срцата на сите кои го погледнаа видеото.
Водителката од Алфа ТВ, Анастасија Илиеска, чие моминско презиме е Богданоска, го сподели видеото и им честиташе, најверојатно по презимето се работи за нејзин братучед.
Ќе ме натераат да се запишам и јас да научам!
Прекрасни!
Вака да го танцувате цел живот. 🍀❤️– напиша водителкат на објавата.
Прекрасна испирација за идните младенци, браво за Наташа и Константин!
Погледнете го видеото во продолжение:
View this post on Instagram