Стабилни, бескомпромисни, своеглави, издржливи, одговорни, грижливи, способни, силни, шармантни и фокусирани ова се основните карактеристики на жена Бик.
Таа знае да биде многу љубезна и кротка, но тоа не значи дека со неа можете да манипулирате. Припадничките на овој знак многу сериозно ги сфаќаат нивните пријателства, ги негуваат и несебично им се посветуваат.
За возврат, тие очекуваат да добијат исто толкава лојалност од пријателите и во тој случај пријателството навистина може да трае засекогаш. На жените Бикови не им треба цела толпа пријатели, бидејќи ним им е важен квалитетот, а не квантитетот.
За многу работи има цврст став и мислење кој тешко да се промени. Треба навистина да ве бидува за убедување и да имате докази, за таа да го смени мислењето бидејќи го добила благодарение на практично искуство.
Немојте да ги тестирате нејзините граници со недолично однесување, бидејќи ќе го разбудите нејзиниот темперамент. За нив семејството е света работа играјте си со се, само не немојте со емоциите на нејзините најблиски, бидејќи во тој случај е подготвена да ве нападне со сета своја сила.