Реклама
Наши ѕвезди

Најголемиот романтичар во редовите на ВМРО-ДПМНЕ на ФБ сподели ПРЕКРАСНА ВЕСТ – голема радост во неговото семејство

Реклама

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски сподели прекрасна вест со своите следбеници.

Еден од најпосакуваните ергени во Македонија, рипна во тавче, а сега му се случи нова прекрасна работа.

Маркетинг

Иако вешто ја криеше приватноста од очите на јавноста, сепак самиот одлучи да ги сподели убавите работи кои му се случија изминатиов период, за многу кратко време.

Тој и неговата сопруга Соња Тодорова станаа родители.

Маркетинг
Фото: Фејсбук / Соња Тодорова

Прекрасната вест Димса ја сподели на Фејсбук.

„Денес ми се роди син, станав татко!!! Фала на Бог и на жена ми Соња Тодорова што ми дари син и што ме направи најсреќен татко на овој голем празник христијански!!!Сине жив, здрав и среќен да растеш!!“, напиша Арсовски на Фејсбук.

Фото: Фејсбук / Соња Тодорова

Оние што ги познаваат Димче и Соња велат дека се навистина совршен пар.

Инаку, Соња по потекло е од Струмица, но веќе неколку години живее и работи во Скопје во областа на маркетингот.

Политичарот на социјалните мрежи ја покажа својата романтична страна кога одлучи да ја запроси Соња и тоа ни помалку ни повеќе туку за неговиот роденден.

Фото: Фејсбук / Соња Тодорова

Тој на Фејсбук сподели фотографија на која ја држи Соња за рака, а во прв план е секако вереничкиот прстен.

„Доста беше, до вечноста!“, напиша Арсовски во сопис на фотографијата.

Фото: Фејсбук / Димса Арсовски

И Соња не се воздржа, па убавите вести ги сподели јавно.

„Роденденски подарок за мене или за него? За двајцата! До вечноста, љубов моја“, напиша Соња на својот профил на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук / Соња Тодорова

Во едно свое телевизиско интервју тој откри работи од неговата приватност кои можеби досега не ги знаел никој.

Кажа дека најтешко му паѓа тоа што поради работните обврски често не е дома, па обично не присуствува на семејните ручеци, но сите од семејството се трудат да се прилагодат на неговото работно време и му пружаат поддршка во се.

Фото: Фејсбук / Димса Арсовски

Арсовски пораснал во скопската населба Ново Лисиче, а патриотизмот му е во крвта уште од дете. Токму тоа е најверојатно причината поради која одлучил да се занимава со политика.

Неговата баба му раскажувала и дека кога бил многу мал велел дека кога ќе порасне ќе стане политичар, па кога навистина пораснал, таа желба му се исполнила.

Фото: Фејсбук / Димса Арсовски

Но, малкумина знаат и дека се занимава и со земјоделие.

„Тоа е многу благородна работа и професија. Се работи за житни култури, Сончоглед, јачмен и жито. Знам и самиот да се качам на машините, да ги возам и да работам. КТоа е еден дел од моето време кога знам да се исклучам од сите дневно политички проблеми. Ја разбирам и маката на земјоделците, затоа што знам колку тешко се расте плод, а честопати знае да не биде ценето од страна на властите. Ако сте упорен во нешто и ако работите чесно и со труд верувајте дека ќе се исплати“, кажа Арсовски.

Фото: Фејсбук / Димса Арсовски
Фото: Фејсбук / Димса Арсовски
Фото: Фејсбук / Соња Тодорова
Фото: Фејсбук / Соња Тодорова
Фото: Фејсбук / Димса Арсовски
Фото: Фејсбук / Димса Арсовски
Фото: Фејсбук / Димса Арсовски
Фото: Фејсбук / Димса Арсовски
Фото: Фејсбук / Соња Тодорова
Фото: Фејсбук / Соња Тодорова
Фото: Фејсбук / Соња Тодорова
Фото: Фејсбук / Димса Арсовски
Фото: Фејсбук / Димса Арсовски
Фото: Фејсбук / Димса Арсовски
Фото: Фејсбук / Димса Арсовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button