Најголемата Гранд ѕвезда со потекло од Македонија е бремена – го откри ПОЛОТ НА БЕБЕТО, никогаш не била посреќна!
Врескаше од среќа кога го дозна полот на бебето...
Пејачката Надица Адемов која неодамна го престави својот избраник Дамир Мустафиќ сега повторно ја израдува публиката.
Имено, Надица откри дека е во блажена состојба, а „Гранд.онлајн“ објави и снимка од забавата што таа ја организираше за пријателите и семејството на која што го откри полот на бебето.
Надица заедно со момчето за кое медиумите пишуваат дека е милионер направија фешта на еден белградски сплав.
Тие на оваа забава го открија и полот на бебето – со розови балони што сугерираат дека Надица носи девојче.
Откако дозна дека е во блажена состојба, пејачката е пресреќна, а тоа се гледа и во видеото што беше објавено.
Интересно е и тоа што Надица неодамна се врати од патување во Тајланд, на кое што објави и неколку фотографи во костим за капење.
Тогаш трудничкото стомаче се уште не и се познаваше, така што многумина беа изненадени од веста дека е бремена.
Инаку, пејачката е родена во Скопје, но со семејството уште како малечка ќе замине да живее во Суботица, додека нејзиниот постар брат Ранче, кој исто така е пејач, остана со своето семејство да живее во Скопје..
Таа се прослави во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, во кое учествуваше неколку сезони, а успеа да стигне до самото финале.
Надица денес е една од најпознатите Гранд ѕвезди и една од најбараните пејачки на приватни веселби и ромски свадби.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм