Реклама
Кафе муабет

Најважните 3 причини зошто е сјајно да имате постара сестра

Реклама

Ова е за сите оние што имаат постари сестри, но и за сите оние на кои им e доделена оваа важна улога.

Фото: Пинтерест

Ова се трите најважни причини зошто постарата сестра е најдобриот подарок што родителите некогаш ви го дале.

Вашите родители ги учи на многу работи

Ова можеби е и најважното нешто. Имено, вашите родители најверојатно веќе ги направиле сите поголеми грешки што можеле да ги направат со вашата постара сестра, така што таа ви го отворила патот безбедно да растете. Безгрижно и без оние „големи“ грешки кои на родителите нема да им се повторат затоа што сега знаат како треба. Затоа никако НЕ заборавајте еден ден за ова да и се заблагодарите.

Маркетинг

Постарата сестра како учителка

Постарите сестри се најдобриот подарок што родителите ви го подариле. Но истовремено тие понекогаш можат и да ве извадат од памет со нивното однесување. На пример кога ќе ве откачи кога треба да се игра со своите пријателки или кога ќе ви ги земе играчките, или кога намерно нема да ве најде додека се играте криенка и ќе ве заборави.

Фото: Пинтерест

Но затоа вие никогаш не заборавајте – од сето ова учите. Таа на овој начин ви помогна да ја изградите својата личност и да бидете цврсти.

Маркетинг

Издувен вентил

На неа во секое време можете се да истресете. И она што треба и она што не треба. Тоа не можете да го направите и со вашите најдобри пријатели – во спротивно нема да ви бидат пријатели за долго време. Но таа секогаш ќе ви биде сестра – и тоа онаа постарата што секогаш се грижи за вас и ви го чува грбот, ќе ви прости и ќе ве сака, па дури и кога ќе и се извикате без причина.

Фото: Пинтерест

Затоа сестрите се најголемото богатство на светот, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button