Најбајковитите венчаници на познатите дами во 2019
Најпознатите невести во 2019
Иако сезоната на свадби за оваа година веќе е завршена, и сите ние сме во празнично расположение, многу идни невести уште сега размислуваат за идеалниот фустан за нивниот голем ден што ги очекува во следната година. Тоа е причината зошто денес ја направивме оваа рекапитулација на најубавите венчаници што можевме да ги видиме во светот на познатите во текот на изминатата година. Па, да почнеме!
Познато е дека познатите личности внимаваат на својот изглед во секоја ситуација, а тоа секако дека посебно се однесува кога станува збор за нивната свадба. Многу стилисти, фризери, шминкери и познати светски дизајнери со месеци макотрпно работат за да ги спроведат во дело желбите на невестата, за таа да изгледа што поубаво на тој свечен ден.
Нивните напори не се за џабе, па ние сме во можност да ги видиме познатите дами во прекрасни, бајковити изданија. Затоа, драги млади, во продолжение погледнете кои познати дами оваа година најмногу не шармираа со својот невестински изглед, и побарајте инспирација за себе.
Венчаницата на Меган маркл како пример за венчаница на која целиот свет и се восхитуваше, ја оставивме надвор од оваа листа, бидејќи дефинитивно е без конкуренција.
Гвинет Палтроу
Познатата актерка оваа година по втор пат во животот застана на лудиот камен, а за таа прилика избра сведена, романтична венчаница од модната куќа Валентино.
Принцезата Јуџин
Оваа млада дама со кралско потекло за својот голем ден избра сведен фустан со долги ракави со интересен прорез кој делуваше многу елегантно. Дизајнерот на оваа преубава венчаница е генијалниот Питер Пилото.
Кејт Аптон
Уште една волшебна венчаница со долги ракави. Сепак, за разлика од претходната, овој модел во потпис модната куќа Валентино е далеку попровокативен, со оглед на транспарентниот горен дел кој го открива деколтето. Но и покрај тоа што играше и на картата на провокацијата, мораме да признаеме дека Кејт одлично изгледаше во неа.
Карли Клос
Карли Клос со своето манекенско тело се одлучи за нежен Диор фустан со нагласен корсет и детали од тантела. Покрај венчаницата, големо внимание предизвика и превезот кој совршено го подобри целокупниот изглед.
Кјара Ферањи
Најпознатата италијанска модна блогерка и дама со непогрешлив стил, и овој пат не направи грешка. Таа избра фустан од Диор кој повеќе личи на комбинација од рустичен горен дел од тантела и богато здолниште од тул со длабок шлиц. И таа не му одолеа на долгиот вел, кој совршено се вклопи во стилот на венчаницата.
Погледнете ги и останатите познати невести…
Роуз Лезли
Мили Мекинтош
https://www.instagram.com/p/Bq9zP62ntiK/
Пријанка Чопра