Нашите познати пејачки со порака со која ги ВООДУШЕВИЈА сите на социјалните мрежи: „Доста бевме тажни!“
По повод новогодишните празници македонската фолк икона одлучи да испрати честитка до своите фанови и следбеници на социјалните мрежи.
Блага Петреска е една од најдобрите пејачки на нашата сцена.
Буквално не постои човек кој не слушнал за неа, а нејзините хитови ги пејат од најмладите до најстарите.
Човек не може да остане рамнодушен на нејзината музика. Семејните прослави и забави не може да поминат без некој од нејзините хитови, кој сите ќе ги крене на нозе.
Карактеристично за неа, освен ангелскиот глас и безвременските песни, е нејзината широка насмевка и ведар дух. Мора да се признае деека времето како да запрело за Блага.
Русата коса и витката линија се нешто што е нејзин стил од почетокот на кариерата.
Не сака да експериментира и публиката ја освојува онаква каква што е.
Денес, кога на сцената владеат силиконските убавици, Блага е мелем и за очите и за ушите.
Својата кариера секогаш ја градела на квалитет и никогаш не била дел од скандали и некакви афери за да добие популарност.
Иако секогаш отворено зборува за својот приватен живот, сепак приоритет секогаш е нејзината кариера.
Публиката ја освојува со неверојатниот глас, љубовта која ја има за сите, скромноста и ведрината.
Блага може да се сретне секаде каде оди и една обична домаќинка, а како што сама вели ужива и да пазари на скопските пазари, каде продавачите со нетрпение ја очекуваат.
Активна е и на социјалните мрежи, кои освен што ги користи за промоција на својата музика, понекогаш знае да сподели и фотографии од своето најблиско семејство.
Блага Петреска уште на млади години доживеала силен животен удар. Таа била многу млада кога починал нејзииот сопруг со кој ги има двете деца, ќерката Оља и синот Олег.
И покрај сѐ што доживеала Блага не може да ја видите лошо расположена.
Блага живее стан до стан со својот син и неговото семејство, па има можност секојдневно да биде со нив.
Таа и нејзината снаа Ана Кондратенко го рушат стереотипот за „проблематичниот онос снаа-свекрва“.
Ана во многу свои интервјуа има истакнато дека е среќна што ја има Блага, односно што има разбрана, паметна, убава и позната свекрва.
За разлика од Олег, ќерката на Блага, Оља, задно со својот сопруг и децата живее во Уганда, па пејачката многу поретко се гледа со нив.
По повод новогодишните празници, Блага се огласи на Фејсбук, каде сподели фотографии од заедничката прошетка со својата колешка Ани Малинкова.
Последниот ден од 2021 година двете убавици го искористиле за прошетка низ парк.
„Среќна нова 2022 година и Кај сите нас да ја видам радоста и насмевката. Доста бевме тажни”, порача Блага.
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска