Реклама
Наши ѕвезди

Нашите познати дами блескаат и кога носат црно од глава до пети – СПИРОВСКА И АЛАЧКИ во прекрасни модни изданија

Реклама

Две познати дами кои ги изненадија сите со својот занесен изглед и интересни модни комбинации.

Познатата пејачка и водителка Адријана Алачки и нејзината колешка Ирена Спировска на Инстаграм објавија фотографија на која позираат заедно со Благоја Грујовски, а на која и двете носат впечатливи модни комбинации.

Маркетинг

Тие и двете одлучија за комплетна црно издание составено од поприлично интересни парчиња.

И додека Ирена носеше црн фустан зачинет со светки во горниот дел, нејзината колешка блескаше од глава до пети.

Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска

Имено, Адријана носеше светкаво сако и панталони, а целото издание го зачини со сандали и коса врзана во пунџа.

Маркетинг

Ирена со црниот долг фустан го истакна своето тело, посебно тенката половина, а асиметричниот крој во горниот дел зрачеше со доза на заводливост, но и дополнително го зачини нејзиниот изглед така што темната боја на неа изгледаше поприлично впечатливо.

Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска

Таа целото издание го зачини со својата препознатлива фризура и многу малку шминка што исто така е нејзин заштитен знак.

Инаку, на фотографијата со нив беше и Благоја Грујовски, кој блескаше покрај овие две прекрасни дами.

Пејачот носеше темни панталони, светло-сиво сако со црвена вратоврска и бела класична кошула, со кои внесе малку разиграност во прекрасните монохроматски изданија на своите драги колешки.

Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска

Во продолжение погледнете уште неколку интересни комбинации на нашите познати дами, но и како да заблескате и вие во црно овие пролетни денови.

Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска

НАШИ ПРЕДЛОЗИ:

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button