Нашиот познат пејач ја омажи ќерката наследничка – ова беше НАЈЕМОТИВНИОТ момент за него, но и за преубавата невеста!
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario23.jpg)
Нашиот познат пејач ја омажи ќерката Андреа, а сега реши да покаже и како таа изгледаше како невеста.
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario22.jpg)
Познатиот македонски пејач Дарио Панковски објави неколку фотографии со кои ги воодушеви своите пријтели и бројни фанови на социјалните мрежи.
Имено, тој не можеше да ги сокрие емоциите колку е среќен што неговата убава наследничка заплови во брачните води.
Дарио објави неколку фотографии на Фејсбук, а најемотивниот момент секако беше кога популарниот пејач ја изведе својата наследничка и му ја предаде на момчето што го украде нејзиното срце.
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario20.jpg)
Таа му се заколна на вечна љубов на младиот доктор Теодор Венинов, специјалист по opална хиpyргија.
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario19.jpg)
Свадбената веселба се одржа во Охрид покрај тиркизното езеро, во присуство на најблиските пријатели и роднини.
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario18.jpg)
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario17.jpg)
Дарио на ја криеше радоста и среќата на венчавката, а меѓу највеселите на свадбата беше и неговата сопруга Бојана.
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario12.jpg)
Дарио и Бојана се во брак долги години, а покрај ќерката Андреа тие го имаат и синот Бруно.
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario5.jpg)
Тие се запознале во 80-тите години, кога Бојана дошла од Ниш во Скопје за да студира и кога се родила нивната љубов.
„Клучниот момент се случи во една прилика, кога заедно преминувавме улица. Ја фатив за рака и ѝ реков: Нема веќе пуштање., изјави Дарио во една пригода.
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario13.jpg)
Познатиот пејач не крие дек за него токму љубовта е најголемиот двигател, но и најубаво чувство и најважна работа во животот.
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario9.jpg)
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario10.jpg)
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario11.jpg)
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario8.jpg)
Тоа впрочем може да се види и од неговите семејни фотографии, каде сите блескаат од љубов кога се заедно.
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario6.jpg)
![](/wp-content/uploads/2022/07/dario3.jpg)
Некои од нив погледнете во продолжение…
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
Фото: Фејсбук/ Дарио Панковски
![](/wp-content/uploads/2021/03/dario4.jpg)