Нашиот пејач е татко на четири деца и сопруг каков секоја би посакала – богатството што го имаaт со сопругата е непроценливо (фото)
Сопругата беше пресреќна од подарокот…
Познатиот македонски пејач Ѓоко Јовиќ важи за еден од омилените како во земјава, така и кај нашинците во дијаспората. Тој веќе 15 години ужива во љубов со својата прекрасна сопруга Ивана и преставуваат вистински пример за неизмерна љубов и складност.
Тие двајцата во улога на родители се имаат остварено четири пати и од нивниот брак ги имаат децата Теодора (14) Михаил (12) Јоан (5) и најмалиот син Дарин.
„Јас сум богат човек, деcата се најголемото богатство. Уживаме кога сме сите дома заедно, и многу ни е весело“, многу пати досега има изјавено познатиот пејач кој не крие дека ужива во бракот со Ивана.
А дека тоа е така Ѓоко го покажа и деновиве кога на својата сакана сопруга и’ подари скапоцен подарок.
„Љубов моја !! Со многу здравје, мир, љубов и Благослов да си ја возиш новата кола. Бог да те чува на сите патишта. По 4 дечиња и 15 години што ме “трпиш” редно е и јас да почестам“ напиша тој под фотографијата на која неговата сопруга влегува во нејзиниот нов скапоцен автомобил.
Инаку, семејството Јовиќ е специфичен по многу што, а посебно по бројот на членови што денес навистина е реткост.
Но Ѓоко кој веќе долги години е во хармоничен брак со Ивана, не крие дека му е најубаво кога времето го минува со нив.
Тој на социјалните мрежи редовно објавува фотографии од кои можеме да видиме колку ужива кога е со семејството.
Ѓоко не крие дека токму тоа го прави најсреќен во животот, а судејќи според фотографиите и децата се среќни што имаат ваков татко. Некои од овие нивни заеднички моменти погледнете во продолжение…
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ