Реклама
Вирално

Нашинци од Италија нé предупредуваат на сиот глас: „Не потценувајте го коронавирусот, се уште имате време да го запрете ширењето!“

Реклама

Нашинците кои живеат во Италија постојано испраќаат апели до нас на време да реагираме во борбата со корона вурусот.

Цела Италија од понеделникот се наоѓа во црвена зона. Целата земја е ставена режим на блокада за да се сопре ширењето на корона вирусот. Но и покрај драстичните мерки, за само 24 часа животот го изгубија дури 189 луѓе, што е најмногу во еден ден од 21 февруари, од кога се појавија првите случаи. Бројот на починатите во оваа земја сега изнесува 1016, додека бројот на заболени од овој вирус во Македонија е 9. Од нив шестмина кои се на Инфективната клиника се во стабилна сосотојба, но кај кај тројца има лесно влоушање.

Маркетинг

Како што појасни Филипче, кај нив има отежнато дишење, но засега нема потреба од приклучување на апарати за дишење. Сите тројца се на возраст над 60 возраст.

Еден граѓанин на соседна Србија кој веќе подолго време живее во Италија за Телеграф.рс објасни како изгледа животот во потполна изолација.

Маркетинг

Еве на што не предупредува тој:

Веќе две недели неговите деца не одат на училиште заради корона вирусот и овие мерки се продолжени до 4 април. Но како што вели Дарко, кој со својата сопруга и две деца веќе со години живее во градот Кунео, на северот од Италија каде е и жариштето на вирусот, голема е веројатноста децата до крајот на школската година да не одат на настава. Тој вели дека досега работеле нормално, но морале да имаат валиден документ дека одат на работа во случај да ги сопре полиција.

Пред продавниците морале да чекаат во ред бидејќи само одреден број на луѓе пуштале внатре. Тој вели дека ситуацијата е ужасна, но и дека луѓето не паничат, иако очекуваат да се воведат уште поригорозни мерки.

Ситуацијата во Италија со слични зборови ја опишува и нашата сограѓанка Лела Садикарио која живее во Милано и која на социјалните мрежи напиша дека овој преубав италијански град преку ноќ се претворил во едно темно место кое потсетува на војна, каде луѓето се збунети, тажни, вознемирени, беспомошни и претежно не разбираат како оваа реалност била присилена врз нив и кога ќе заврши целиот овој кошмap.

Голема грешка беше тоа што, на почетокот сите постираа статистики да покажат дека вирусот е полесен него еден обичен грип, и луѓето продолжија да ги водат своите животи како и обично и работеа од дома, а всушност сите беа на улици, уживајќи го убавото време и чувствувајќи го моментот како еден вид на одмор, собири по паркови, гледање со пријатели, големи фамилијарни собири.

Сите згрешија па дури и јас! пишува Лела на Фејсбук

Казна за непочитување на мерките и излегување надвор е 230 евра

Како што пренесува Телеграф, Дарко вели дека бројот на заразени во местото во кое што живее постојано се зголемува, како и бројот на оние кои ја изгубиле битката со вирусот. Жртвите не се само баби и дедовци, туку има и помлади од 40, 50 и 60 години, а голем број луѓе се на интензивна нега и се борат за живот. Како што вели тој, лекарите се добро обучени, но нема каде да ги сместат пациентите, па мораат да избираат кој ќе биде примен, а кој не.

Според него само најригорозни мерки, како што се затворање на границите, би можеле да го сопрат ширењето на вирусот.

„Никој не треба да го следи примерот со Италија бидејќи тука сé беше погрешно направено, иако свеста на граѓаните тука е голема. Тие не се борат со вирусот со ракија ниту пак јадат бел лук, не се од Бог даден народ како ние. Шегата на страна, луѓето не ги почитуваа мерките, а Владата направи погрешни чекори. Требаше веднаш ригорозно да се постапи, бидејќи сега ги гледам земјите од Балканот како Италија пред месец дена, значи имате време, имате две-три недели, а можеби ни току бидејќи вирусот се шири брзо. Мора веднаш да се делува, вели тој и додава: „И јас пред месец дена не го земав тоа сериозно, ги прашував зошто ми ги сопираат тренинзите, зборував дека тоа нема нам да ни се случи, луѓето навистина не беа свесни. Но сега ми е јасно дека требаше поинаку да размислувам“, зборува искрено за Телеграф овој наш сосед.

Тој на крајот советува да се чуваме самите себе, да ги избегнуваме јавните собири, да одиме на работа и веднаш дома.

Чувајте ги децата, бабите и дедовците, вели тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button