Нашата убава водителка мокpa и без шминка, во кocтим за капење – погледнете го ЛУКСУЗНИОТ ХОТЕЛ, ќе се воодушевите!
Знае како да ужива во животот
Познатата водителка Јелена Спенџарска се потсети на деновите додека си ги полнеше батериите во Турција. Таа од преубавата Анталија постојано ги воодушевуваше своите бројни обожаватели со видеа и фотографии, но овој пат сподели нешто што досега не беше објавено.
Јелена со ова покажа дека нема крај на изненадувањата кога е во прашање таа, а нејзините фанови беа воодушевени.
Имено, таа објави неколку фотографии од кои можеме да видиме како уживаше во преубавиот хотелски базен.
Таа за оваа посебна пригода носеше дводелен костим за капење, во темно црвена и црна боја, а под нејзините фотографии го напиша следниов коментар:
„Не ти треба повеќе шминка на лицето….Ти треба само еден добар одмор со мноооогу смеење, проверено“.
Инаку, Јелена која неодамна се врти во Скопје од Турција, а овој викенд планира да го помине на Шар Планина, за овие патувања, во рамките на своите Инстаграм приказни, одговори на неколку прашања поврзани со патувањата.
„Искрено, секогаш ми доаѓа некое такво чудно чувство после некое фантастично патување надвор од Македонија, не е ова прв пат. Можеби зошто уште повеќе сфаќам каде живееме, а за што сонуваме…“ вели таа во своето обраќање и додаде:
„Тоа е тоа за што зборам. И верувам дека добро ме сфаќате. Имам чувство дека во Македонија треба да се жалиш, да кукаш и се некој друг да ти биде крив за тоа до кај си со животот за да бидеш ‘прифатен’… А мојот живот и тоа како јас живеам и колку се забавувам с се што правам е скоро па несфатливо за масата…“ заклучува Јелена.
„Секогаш различно трае.. Да речеме после Америка скоро две-три недели гледав палми насекаде околу мене и не сакав да излезам од дома“.
„Секое патување ми дава посебна ментална свежина која не знам зошто, ама овде ми е премногу тешко да ја одржам. Знам дека не зборам многу на темава ама искрено, тешко е, посебно што секој некој мисли дека многу добро те познава затоа што те видел три пати на телевизија“.
„Не сакам со ова да внесам bad vibes кај вас сега, само сакам да споделам зошто не сум толку активна овде, вели Јелена“.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска