Нашата позната пејачка позираше во издание со кое потсетува на легендарната холивудска актерка Мерилин Монро.
Пејачката Тамара Тодевска на социјалните мрежи објави видео на кое блеска со својата нова фризура. Таа носи провокативен комбинезон кој завршува со чокер на вратот, а целото издание го зачини со кожени црвени ракавици, црвен кармин и тренди сребрени обетки.
Тамара која во последно време постојано настапува низ светот, неодоливо потсетува на филмската дива Мерилин Монро.
https://www.instagram.com/p/B4xRlqIFW3N/
„Кралица“, „Најубава“, „Wow“, се само дел од коментарите што Тамара ги доби од своите верни обожаватели.
Видеото за помалку од 24 часа беше прегледано повеќе од 10.000 пати на социјалните мрежи и сите се заинтересирани да го видат крајниот производ.