Нашата Прва дама има нешто што го посакува секоја жена – не, не е Пендаровски во прашање, туку нешто што ќе ве освои од прва!

Пронајдете инспирација во најновото есенско издание на Првата дама на Македонија…

Елизабета за оваа специјална пригода избра комбинација во склад со есенските трендови и пониските температури со која ги воодушеви сите што беа присутни на настанот на кој што се појави, така и на социјалните мрежи…
Нашата прва дама Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска присуствуваше на третиот роденден на Europe House во Скопје.
Таа задно со амбасадорот Гир, директорката на Националната галерија, Старова-Ќерими, и културните аташеа на земјите членки на Европската Унија имаа прилика да ја разгледаат студентската изложба посветена на нашиот реномиран ликовен уметник Лазар Личеновски, а воедно разменија и идеи за вмрежување со цел да ги разгледаме можностите за реставрација на куќата-музеј на Личеновски чие дело ја збогатува македонската културна ризница.
Елизабета за оваа специјална пригода избра комбинација која е потполно во склад со есенските трендови и пониските температури со која воодушеви.

Имено, есента е време кога најмногу можеме да експериментираме со стилот и тоа само со неколку основни парчиња, а Елизабета овој пат тоа го направи со класичен тренч мантил.

Токму ваквиот мантил е неутрален и веќе со годни еден од најпопуларните модели кога станува збор за уличната мода во светските метрополи.

Постојат многу начини како да го комбинирате, а првата дама на Македонија го носеше со црна ролка.
Како и секогаш, трикот е во деталите, а во зависност од нив можете да го носите во секоја комбинација и да заблескате.

Моделот е создаден пред стотина години како капут за генералите на британската војска, а денес е популарен меѓу жените од целиот свет.

Речиси и да не постои стил во кој не се вклопува и ја подига секоја комбинација на повисоко ниво.

Ова посебно важи за моделите во беж боја каков што носеше и Елизабета, кој најлесно се комбинира и изгледа поприлично отмено и луксузно, па затоа важи и за „маст-хев“ парче што секоја дама треба да го има во плакарите.
Токму затоа и веќе со децении е клучно и задолжително парче во есенските колекции и тоа тешко дека ќе се промени.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
