Нашата поранешна министерка рипна во тавче – еве кој е сопругот и неколку детали од раскошната свадба
Ја запроси за Велигден, а денес ја ожени –

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска се омажи и на социјалните мрежи објави снимки од свадбата.
Поранешната министерка се омажи за докторот Виктор Станков со кого подолго време уживаа во нивната врска.
Нина која е позната и како „кралица на попустите“, односно како поранешна сопственичка на компанијата за онлајн трговија „Групер“, одвреме-навреме знае на социјалните мрежи да објави фотографии на која е со својот сакан.

Тие и покрај тоа што не ја експонираа премногу нивната љубов, на нивните заеднички фотографии секогаш изгледаа вљубено.

Тој е доктор, а таа жена од бизнисот, но тие одлично се разбираат и дополнуваат. Оние што ги познаваат за нив велат дека се заљубен пар кој е полн со разбирање еден за друг и на кои животот им е исполнет со креативност и смеа, но и систематичност и организираност.

Тие си преставуваат поддршка едниот на другиот, посебно што и двајцата работат одговорна работа.

Нина и Виктор се свршија на големиот празник Велигден, и тогаш веста за запросувањето Нина ја објави на својот профил на Инстаграм.

Инаку, избраникот на Нина по професија е доктор, уронолог, вработен на Универзитетска Клиника за урологија-Скопје.

Тој е син на познатиот доктор Оливер Станков, професор на Клиниката за урологија.

Како Нина и Виктор изгледаа на најубавиот ден во нивниот живот погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска
Фото: Инстаграм/ Нина Ангеловска