Нашата поранешна министерка објави снимка што ќе ви ја стопли душата – еве како ужива во мајчинството
Еве како Нина си го минува времето со синчето
Поранешната министерка се топи со синчето
Поранешната министерка за финансии и кралица на попустите, Нина Ангеловска, ужива во најубавите денови од мајчинството.
Таа откако се породи многу често е активна на својот официјален профил на социјалните мрежи и речиси нема ден да помине, а Нина да не сподели некои интересни моменти од својата нова улога, но и од главниот јунак во нејзиниот живот.
И во сите овие изданија оваа мама си блеска од среќа, а заедничките моменти со наследникот ги воодушевуваат сите.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
И секој кадар што ќе го забележи ги топи срцата на нејзините следбеници, а сите беа воодушевени и од последната објава.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
Имено, Нина покажа како го минува времето со својот мал принц од кого не се одвојува, а ова нивно издание никого не остави рамнодушен.
На фотографијата таа го држи бебенцето во раце, а тој пак си ја држи цуцлата со интересна порака за својата мамичка.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
Повеќе фотографии од оваа мама која максимално ужива во оваа нова фаза од својот живот погледнете во продолжение…