Нашата поранешна водителка ужива на плажа со својата наследничка – како сестри се, која од која поубава
И двете се вистински убавици

Познатата мама си грми на плажа со својата ќерка…
Ќерката на нашата поранешна водителка Мелита Ракичевиќ моментално важи за една од најзгодните пејачки од помладата генерација на нашата естрада, а сите коментираат дека и нејзината популарна мајка никогаш не изгледала подобро.
Впрочем за тоа зборуваат и нивните најнови заеднички фотографии што деновиве „испливаа“ на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Најпрво Барбара објави неколку фотографии на кои позираше во преубав модел на костим за капење во металик нијанса со потписот на познатта македонска дизајнерка Ива Спасовска, а потоа во слично издание можевме да ја видиме и нејзината атрактивна мама која исто така си „грмеше“ на плажата.
Фото: Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Тие и двете уживаат во бањањето и сончањето, и со својот шарм и изглед им го привлекуваат вниманието на сите.
Фото: Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
И двете изгледаат неверојатно во костим за капење, и сите се согласни дека изгледаат како сестри, а не како мајка и ќерка.
Фото: Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Имено, поранешната македонска водителка и те како може да се пофали со своето беспрекорно тело, па повеќе од јасно е дека во прашање е генетика, што може да се види и од нејзината ќерка која исто така изгледа сјајно во едно вакво летно издание.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Но покрај добрата генетика, и двете редовно тренираат и внимаваат на исхраната, а резултатот е и повеќе од очигледен.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ