Нашата позната фолкерка облече тесни хеланки и направи „хaoc“ на ИНСТАГРАМ – еве какви вежби прави за својата „пoзадина“
И се познава дека не излегува од теретана
Сања Ристеска објави неколку фотографии од теретана на кои во преден план е нејзината „позадина“.
Нашата позната фолк пејачка објави неколку снимки како прави вежби за грб и тоа гледано од сите агли – малце ја покажа техниката, а многу повеќе својата „позадина“ со која никого не остави рамнодушен.
„Опседнатост е само збор кој мрзливите го употребуваат за да ги опишат посветените.“ напиша таа под фотографиите.
Следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед, што не треба да не чуди бидејќи нејзиното тело навистина е убаво обликувано. Таа очигледно не излегува од теретана, а резултатот е – очигледен!
Пејачката правеше вежби за горниот дел од грбот, а мускулите кои цело време се познаваа очигледно никој не можеше да ги забележи заради позата во која нејзината позадина дојде до совршен израз.
Тесните хеланки се припиени за нејзиното занесно тело, па може да се види дека Сања нема ни грам вишок.
Благодарение на редовните тренинзи Ристеска може да се почести и со калорична храна, па така неодамна покажа дека не е на никаква ригорозна диета како повеќето нејзини колешки, а изгледа подобро од кога било досега. Тоа впрочем можеме да го видиме и од нејзините фотографии на кои е средена од глава до пети, но и од оние од секојдневниот живот.
Ристеска во последно време се почесто објавува фотографии и од своите настапи каде атмосферата секогаш е лудило.
Еден од нив погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска