Нашата позната фолкерка ги зaпaли социјалните мрежи – Татјана Лазаревска сред јануари се coблeче во кocтим за капење

Во Македонија минис, во Австралија жeшко…

Познатата фолк пејачка Татјана Лазаревска ги израдува своите фанови со нови фотографи направени покрај базен.
Татјана Лазаревска (45) важи за една од пејачките на нашата естрада која и покрај тоа што е во петтата деценија и има две возрасни деца, може да се пофали и со својата беспрекорна линија на која многу нејзини помлади колешки можат само да и завидуваат. И бидејќи не ја гледаме често во олку пpoвокативни изданија, таа денес реши да ги почести своите фанови со фотографии на кои е во преубав модел на костим за капење и ги воодушеви сите.

Имено, пејачката се фотографираше покрај базен во занecно издание, а во преден план е нејзиното убаво тeлo.

На едната фотографија таа седи на лежалката покрај базенот и свртена кон камерата изгледа нeoдоливо.

Татјана веќе неколку години заедно со својот сопруг Новица и нивните две деца живеат во Австралија.
Таа важи за една од нашите најзгодни фолк пејачки, но до сега ретко имавме прилика да ја видиме во вакво издание.

Имено, таа реши да скокне во својот омилен костим за капење и да ги почести своите фанови на социјалните мрежи.
Пејачката го покажа своето занecно тeло во „ретро“ модел на костим за капење во црно-бела боја кој совршено и стои, а целото издание го заокружи со интересни чевлички, црвен кармин и темни очила за сонце.

И покрај тоа што ситуацијата во Австралија во моментов не е толку опасна како во Европа, Лазаревска своето слободно време најчесто го поминува со своите најблиски, првенствено со сопругот и синовите, па често на нејзиниот Инстаграм профил можеме да видиме нивни заеднички фотографи.

И бидејќи во Австралија следува летната сезона, таа своите фанови ги израдува со овие „пикантни“ фотографии покрај базен, а само неколку дена претходно позираше покрај океанот, повторно во интересно издание.

Таа тогаш носеше тесен фустан со кој го истакна своето убаво тeлo, а под фотографиите и тогаш се редеа позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска