Нашата позната фолк-пејачка се соблече во бикини и ги патосираше сите со она што го направи (видео)
Никогаш не изгледала поубаво...

Познатата пејачка уживаше во својот модерен костим за капење со кој го истакна своето згодно тело во полн сјај.
Од нејзините објави на социјалните мрежи повеќе од очигледно е дека познатата пејачка обожава да споделува вакви фотографии, а судејќи според коментарите, тоа го сакаат и нејзините фанови.
Таа едноставно често знае да се пофали со своето бујно тело и да ги почести сите со моменти додека ужива на некои егзотични дестинации.
Фејсбук/ Анета Наковска
Станува збор за нашата пејачка Анета Наковска која неодамна сподели едно видео со кое никого не остави рамнодушен.
Фејсбук/ Анета Наковска
Имено, Анета овој пат објави видео во кое позира на плажа во модерен костим за капење и тоа во вечерните часови.
Фејсбук/ Анета Наковска
Таа во преден план ги истакна своите раскошни линии, а потоа и запеа, така што нејзините фанови можеа да уживаат и во нејзиниот глас.
Потсетуваме, познатата Македонка овој септември ќе го прослави 51-от роденден, но се уште ја красат неверојатна енергија и сексапил, како и вистинска женска самодоверба која не може да помине незабележано, па дури и преку социјалните мрежи.
Таа без проблем позира во своето модерно бикини и го покажува своите женствени линии, со посебен акцент на деколтето.
Фејсбук/ Анета Наковска
Важи за една од првите жени од Македонија која јавно зборувала дека има силикони и досега тоа никогаш не го криела.
Фејсбук/ Анета Наковска
Таа и денес важи за една од омилените пејачки иако веќе неколку години живее на релација Македонија – Америка.
Фејсбук/ Анета Наковска
Но преку лето често можете да ја сретнете во охридско Велгошти, каде со сопругот има раскошна куќа изградена од камен, со внатрешен базен и во која обожаваат да го минуваат слободното време.