Нашата позната фолк-пејачка се преполови, па сега го „сруши“ интернетот со ова свое издание (фото)
Пејачката покажа како изглед во костим за капење, оваа боја и стои феноменално
Прилепчанката Елена Јовческа важи за една од нашите најталентирани, но и најубави фолк-пејачки, а сега тоа и го докажа.
Имено, оваа наша шармантна дама објави сет фотографии од своето летување и покажа дека заслужено ја носи оваа титула.
Иако досега сте ја гледале во сценски изданија, а многу често и со гајда, Елена сега реши да покаже и како изгледа во бикини.
Инстаграм/ Елена Јовческа
И тоа не во било каков бикини, туку во модел во боја која ќе биде еден од водечките трендови за следната сезона.
Инстаграм/ Елена Јовческа
Таа позираше на карпа покажувајќи дека покрај својата убавина може да се пофали и со своето занесно тело.
Фотографијата веднаш предизвика воодушевување кај нејзините фанови, впрочем како и сите останати вакви нејзини изданија.
Инстаграм/ Елена Јовческа
Елена откако замина на одмор објави сет фотографии на кои позира во слично издание, па под секое од нив следуваа бројни коментари.
Инстаграм/ Елена Јовческа
Потсетуваме, Елена на музичката сцена се појави со песната „Атлантида“ со која во 2010 година на Охрид фест ја освои наградата за најдобар дебитант. По две години следуваше песната „Горда прилепчанка“ која за брзо време стана голем хит, а по некое време Елена стана препознатлива и по тоа што свири на гајда.
Инстаграм/ Елена Јовческа
Но покрај гајдата Елена знае да свири и на зурла, хармоника и пијано, па на веселбите секогаш прави одлична забава.
Како Елена изгледа и во ова издание, погледнете во продолжение…
Инаку, Елена долго време се бореше со вишок килограми, но како што сама откри неодамна во интервју за Гламур магазин успеала да ослабне 23 килограми. Како пејачката успеа да го реши овој проблем и да се доведе во топ форма, но и за многу други работи поврзани со неа и со нејзината музичка кариера, прочитајте тука…