Нашата позната фолк-пејачка како Џеј Ло – ужива на плажа и објави фотографии со кои направи вистински хаос на Инстаграм
Пејачката Сања Цинцева попозната како Сања Барби, отпатува на егзотична дестинација каде што ужива за сите пари.
И како што тоа го прават и светски познатите ѕвезди, така и таа своите фанови редовно ги известува за ова патување преку фотографии.
Нејзините објави секако дека не можат да поминат незабележано, посебно оние на кои што позира на преубавите плажи.
Имено, пејачката ги спакува куферите и реши да си ги наполни батериите на едно од најволшебните места на светот.
Во прашање е Занзибар каде пејачката ужива на преубавите песочни плажи, што може да се види и од нејзините фотографии.
На една од нив во преден план е нејзината „позадина“ со која Барби никого не остави рамнодушен на Инстаграм.
Таа позира стоечки, свртена со грбот и со подигнати раце, облечена во дводелен костим за капење со леопард дезен.
Од нејзините фотографии можеме да видиме како таа ужива на одморот, но и како ги освојува фановите со овие свои изданија.
Под секоја нејзина фотографија добива голем број лајкови и коментари, и сите се согласни дека изгледа беспрекорно.
Но она што е помалку познато е со кого нашата Барби жива на ова место и кој ја фотографира во овие провокативни пози.
Како и да е, таа знае како да им ја „подгрее“ фантазијата на своите фанови, а овие нејзини фотки се совршен доказ за тоа.
Како Сања Барби изгледа во костим за капење, но и уште неколку нејзини жешки изданија погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева