Нашата позната фолк-пејачка ги изненади своите обожаватели – Анета никогаш посреќна и поубава
Познатата пејачка се пофали со својата нова фризура, сите се согласни дека сега изгледа поубаво од кога било досега
Пејачката сега има пократка, но и виткана коса
Модните стилисти велат дека кратката женска фризура зачинета со локни брише минимум неколку години од лицето.
Тоа впрочем може да го видиме и од ова издание на пејачката Анета Љумаковска која со оваа своја нова фризура изгледа како некоја друга дама, минимум десетина години помладо.
Имено, Анета порано долго време носеше речиси иста фризура – рамна и со должина до рамениците.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Но пејачката пред неколку месеци ја скрати својата коса, а сега ги изненади сите и со начинот на кој ја стилизираше.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Пејачката овој пат направи мала промена, која визуелно малку ја подмлади, но и максимално го откри нејзиното убаво лице.
Впрочем Анета и пред неколку недели позираше во слично издание, само што тогаш имаше поприлично посветли прамени.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Таа овој пат позираше во тесен црн фустан и со кармин во страсна црвена нијанса кој беше сосема доволен за да изгледа заводливо.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
За тоа зборуваат и бројните коментари што пејачката ги доби под ова свое издание на социјалните мрежи од своите верни обожаватели и сите се согласни дека изгледа феноменално во последно време, но и дека новата фризура и е полн погодок.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, Анета неодамна откри дека започнува нова соработка со момците од „Дикапо бенд“ со кои сега настапува.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Тие објавија и сплет македонски песни со кои многумина воодушевија, а честитки за овој нивен проект се уште добиваат.
Повеќе за ова прочитајте тука…