Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната пејачка стана доктор на науки – пристигнуваат честитки, Гино никогаш посреќен

Покрај музичката кариера, Андријана Јаневска сериозно е посветена и на науката, а докторираше со докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“

Реклама

Андријана Јаневска (42) стана доктор на науки

Нашата популарна поп-пејачка и професорка по солфеж и соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, но воедно и виолинистка во НОБ, ја зеде својата докторска диплома.

Таа паралелно со својата музичка кариера со години успешно се занимава и со академска работа.

Маркетинг

Како што самата сподели на Фејсбук пред неколку дена, Јаневска на својот докторски труд работела речиси цели 10 години.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска

Пејачката со овој свој труд има заштитено повеќе од 150 македонски народни песни од Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, а кои, како што самата откри на социјалните мрежи, соседните држави почнале да ги претставуваат како свои. Таа сега сподели неколку фотографии од нејзиното промовирање во доктор на науки во Ректоратот на УКИМ, а објави и една заедничка со својот сопруг Драган Гиновски – Гино (56) со кого е во брак од 2009 година.

Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска

Успешно одбранета докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Институт за фолклор “Марко Цепенков”, напиша пејачката пред шест месеци на Фејсбук кога го одбрани својот докторски труд.

Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска

Потсетуваме, Андријана од овој брак има два сина, Димитар (12) и Кристијан (8) со кои таа обожава да го минува слободното време.

Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска

Нејзиниот сопруг кој по професија е инженер по металургија, но и познат гитарист, од пејачката е постар 14 години.

Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска

Но како што може да се забележи и од фотографијата, а што исто така во различни пригоди го има потенцирано и Андријана, тој е младолик така што разликата во годините речиси и да не се забележува.

„Гино е толку младолик што физички и не се разликуваме многу. Плус, секоја жена која е во брак сака стабилен и зрел партнер, а тоа можете да го добиете само од маж кој знае што сака во животот“ изјави Андријана во една пригода за списанието „Антена“.

Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска

Неодамна пак, за Гламур откри и како е да се биде мајка на два сина и кои се најважните животни лекции на кои ги учи.

„Тоа е најубавото нешто што ми се случило во животот. Уживам во дружбата со моите синови и ги третирам како мои другари. Си разговараме за се’, се гушкаме, смееме. За нив задолжително имам време секој ден по неколку часа, за да може и да прошетаме, и да одиме на музичко, фудбал, да играме, да пишуваме домашно… Ги учам да бидат среќни. Па така, кога ќе пораснат, ќе бидат способни да ја распознаат вредноста на нештата, а не нивната цена, изјави тогаш Андријана за Гламур магазин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button