Нашата позната пејачка сподели домашно видео со кое предизвика бура од емоции и ги разнежни сите
Најслаткото нешто што ќе го видите денес
Гиговска пред една година се оствари во улога на мајка, а сега покажа како ужива во оваа своја нова животна улога
Познатата пејачка Антониа Гиговска покажа како ужива со својот наследник и никого не остави рамнодушен.
Гиговска со снимките што ги сподели на социјалните мрежи ги разнежни сите посебно што ретко споделува вакви моменти.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Откако се оствари во улога на мајка, од својот син се одвојува само кога мора, а сега сподели неколку заеднички моменти со кои што ги воодушеви своите обожаватели на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Посебно додека си играше со образињата на малиот Киан, на кои мама очигледно не може да им одолее. .
Како тие се забавуваат, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Инаку пејачката неодамна за Гламур си ја отвори душата и зборуваше отворено за семејството истакнувајќи дека чувството да се биде мајка е незаменливо и дека ужива во секој момент.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
„Киан е мило и паметно детенце. Оди кај секого, многу сака да се гушка, сака да ручка, сака да се гали, сака да свири и да пее (дава знаци барем) хаха … Јас претходно си замислував какво детенце сакам да имам и баш такво си имам!,“ истакна тогаш Гиговска истакнувајќи дека името на својот наследник го избрале случајно, на ТикТок.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
„Ми излезе листа на имиња на машки деца на Тик Ток и прво на очи и на срце ми дојде името Киан. Името значи крал на персиски“, ни откри популарната пејачка.
Потсетуваме, Гиговска претходниот викенд имаше настап во Штип на кој направи вистински спектакл.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Покрај своите хитови, пејачката тогаш посебно привлече внимание и со сребрениот комбинезон што го носеше и во кој изгледаше како светките ѕвезди, а кој го истакна секој детаљ од телото.
Повеќе за овој настан прочитајте тука...