Нашата позната пејачка со само една фотографија направи бум – од РУСОКОСА УБАВИЦА стана фaтaлна црнка? (фото)

Прво не изненади со песната „Пуста да е мајко туѓината“, а сега и со една фотографија…

Слаѓана Столеска е една од ретките фолк-пејачки која може да се пофали и со стас и со неверојатен глас.
Долги години е дел од македонската музичка сцена, но мора да се признае дека времето како да запрело за неа. Слаѓана изгледа подеднакво исто како на почетокот на нејзината кариера. Нејзиниот изглед го касат убавите сини продорни очи и прекрасната насмевка. Препознатлива е секако и по својата убава руса коса.

Но, пејачката одлучи да ги изненади своите фанови и предизвика лавина реакции.
Пејачката на социјалните мрежи објави фотографија на која ја покажа драстичната промена на изгледот, односно покажа како изгледа со црна коса. Мора да се признае дека изгледа неверојатно. Од публиката доби комплимент дека наликува и на холивудскта актерка Меган Фокс.
Но, доколку помисливте дека пејачката навистина ја направила таа огромна промена, за „Свет Австралија“ таа откри дека сепак станува за онлајн апликација со која само сакала да провери како би изгледала доколку се одлучи на промена. Поради тоа што добила многу комплименти, таа кажа дека веќе не ја исклучува можноста да ја бојадиса косата во црно и дека и самата е задоволна од изгледот.

Инаку, она што малкумина за неа го знаат е тоа дека по професија е дипломиран менаџер по туризам и угостителство. Се надева дека наскоро ќе му се врати на старото темпо на работа кога е музиката во прашање, но како што вели самата, доклку ваквата ситуацја продолѓи и по септемвр, ќе мора да бара некој друг бизнис, а музикатада и стане само како дополнтелна дејност.
Освен што одлично пее, таа и самата пишува песни. Соработува со многу колеги пејачи, а зад себе има многу успешни настапи во земјава и дијаспората.
Слаѓана вели дека со музика сакала да се занимава уште од најрана возраст, но поради нејзината срамежливост не се осмелила.
Најголем противник на таа нејзина желба бил татко ѝ, кој подоцна успеала да го разубеди.

Најголема поддршка во нејзината кариера вели дека е нејзиниот сопруг, кој максимално стои зад неа и кој ја заедно одлучиле да си ја проба среќата во музиката. Како менаџер работела цели 15 години, сѐ додека не одлучила да ѝ се посвети на музиката.
Зад себе Слаѓана има еден албум насловен „Немој да ме гледаш“, составен од 7 песни, дел авторски, дел преработки.

Поради нејзината скромност и ненамеливост, Слаѓана се труди да не се појавува во медиумите по секоја цена, туку само кога ќе има добра причина за тоа.

Со оглед на новото „нормално“ предизвикано од пандемијата коронавирус, многу пејачи немаат никакви ангажмани ниту работа, па дел од нив се одлучија и за некоја нова професија. Во времето кога светот запре и многумина немаат никакви обврски, Слаѓана одлучи дека нема да мирува и напорно работеше.
Токму во овој период таа подготви и нова песна, насловена „Пуста да е Мајко туѓината”.

„Песната беше претходно договорена и не сакавме во периодот на карантин да седиме и да чекаме, туку баш да го искористиме овој период, да снимиме и да ја пласираме за сите оние кои што се дома да имаат нешто ново да видат. Работевме искрено, корона вирусот верувам дека е страшен, меѓутоа искрено не се плашам. Мора да се работи, мора да се живее, мора работите да се одвиваат по нормален тек.
Тој период го поминував дома со моето семејство. Благодет е што живееме покрај езеро, така да успевам да си прошетам и таму. Во секој случај слушам македонска музика, пратам што има ново, се трудам да следам за кога ќе почниме со свирки да може да ги научиме песните и да може да се пеат“, изјави Столеска во едно телевизиско интервју.

Песната е со печалбарска тематика, а таа овојпат одлучи да направи помодерен спот за кој снимањето се одвиваше на атрактивни локации низ Охрид, а во него се користени кадри и од окенскиот брег на далечната Австралија.
Текстот и музиката за оваа песна се дело на Тони Иваноски некогашниот член на од групата „Биоритам“, а аранжманот е на Славко Ристески од студиото „Просаунд“ од Прилеп.
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
Фото: Фејсбук/ Слаѓана Столеска
