Нашата позната пејачка се coблeче во кocтим за капење на ова време? Погледнете како ужива, студот воопшто не и пречи!
Иако есента е во полн ек, а зимата почнува полека да ги покажува своите заби, тоа не ја спречи македонската пејачка да ужива во пливањето.
За неа времето запрело и сега дури изгледа подобро од било кога.
Житарова која во јавноста е позната по уметничкото име Јова својата кариера ја започна уште додека беше релативно млада.
Со својот извонреден глас, изгледот и начинот на однесување на сцена веднаш ја освои публиката. Ги поседува сите предиспозиции за балканска кариера.
Но, токму кога беше во екот на популарноста, таа одлучи да се повлече, поради приватни причини. Се реши и замина од Македонија.
Се омажи во далечата Алјаска, за сега веќе поранешниот сопруг Роберт. Освен како сопруга, таа се оствари и како мајка на две прекрасни деца, близнаците Зои и Картер.
Таа вели дека нејзините деца сѐ нејзиното сѐ и најголемата причина поради која се бори да напредува.
Се врати во Македонија и се пресели во Скопје, каде нејзините деца одат на училиште. Постојано е на релација Скпје, Охрид, Неготино.
Пејачката вели дека единствена причина за живот во моментов ѝ се нејзините деца.
Тие го окупираат целото нејзино внимание, а поле нив најважна е секако музиката.
Откако олабавија мерките за заштита од Ковид 19 и пејачите се вратија во кафеаните, започнаа и снимањата на музичките емисии, Јова на радост на публиката повторно се активираше.
Секогаш средена од глава до пети, без оглед за каков настан станува збор, таа ја воодушевува публиката.
Пејачката потврди дека сега кога веќе започнала да работи на кариерата не планира да запре. На фановите им најави многу нови песни, многу настапи на кои ги кани да уживаат зааедно.
Иако летото одамна заврши, пејачката ништо не може да ја спречи да ужива во пливањето.
Заедно со својата пријателка заминаа на бања во Лутраки, каде водата достигнува од 37 до 38 степени Целзиусови. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од ревма, ишијас, бронхит, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулаторни и респираторни нарушувања.
Пејачката сподели и фотографии од нивното уживање:
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова
Фото: Инстаграм / Јованка Житарова