Нашата позната пејачка како жена на султанот?! Горат социјалните мрежи, никогаш не била по*екси!
Мартија го објави новиот спот и го сруши интернетот
Пејачката Мартија Станојковиќ (20) објави спот за новата песна
Една од најдобрите пејачки од помладата генерација во Македонија и поранешна Пинк ѕвездичка, Мартија Станојковиќ, вчера го објави спотот за новата песна „Анатомија“ и сите го воодушеви
Текстот на песната го има напишано Јанг Дади, додека музиката е на Дарко Димитров, а режијата на Рези Рејн.
Станува збор за високобуџетен спот снимен во Дубаи, а Мартија во него плени со својот неверојатен шарм и с*ксапил.
Како што самата објави на Инстаграм, ова е нејзината 10-та песна по ред, а судејќи според реакциите, оваа млада дама повторно ја освои публиката. Таа спотот неколку пати го најави на својот профил и одвај чекаше да дојде денот на промоцијата.
И ако ги земеме во предвид досегашните реакции на фановите, повеќе од сигурни сме дека песната ќе биде добро прифатена.
Потсетуваме, Мартија Станојковиќ е една од најуспешните пејачки од нашата земја од помладата генерација, а својата успешна музичка кариера ја започна уште од најрана возраст.
Голема популарност стекна со учеството на регионалното музичко шоу Пинк ѕвездички, каде веднаш ја освои публиката.
Таа тогаш го освои престижното второ место, а во 2016 година ја претставуваше нашата земја на Детскиот избор за песна на Евровизија со песната „Љубовта не води“.