Нашата позната пејачка во одлично издание, а кога ја подигна ногата имавме што да видиме
И жените и мажите ги останаа без здив …
Познатата пејачка Елена Петреска позираше во провокативно издание со кое доби бројни комплименти на сметка на својот изглед, а од фотографиите повеќе од очигледно е дека повторно е во топ форма откако пред година и пол по втор пат стана мајка. Имено, таа носеше преубав фустан со горен дел во крем нијанса и долго црно здолниште кое се простираше и на подот, кој особено ни се допадна кога ја подигна ногата, па поради длабокиот прорез во преден план беа нејзините убави нозе кои пејачката често сака да ги истакне.
https://www.instagram.com/p/Bh4sxdoHfbA/?taken-by=elena__petreska
На фотографиите покрај нејзините убави нозе можеме да забележиме и дека Елена целото издание го заокружи со чизмички со високи потпетици во црна боја за кои не би имале ништо против да ги имаме и ние во плакарите.
Инаку, само да потсетиме Елена пред нешто повеќе од година и пол ја роди ќерката Софија и по втор пат стана мајка, а малиот Михаел си доби сестричка. Но бременоста не остави никакви траги на нејзиното тело, а тоа можеме да го видиме и од нејзините фотографии на Инстаграм.