Ова е едно о најризичните изданија во кои сме ја виделе досега
Фолк пејачката Сузана Гавазова неодамна на својот профил на социјалните мрежи сподели неколку фотографии со кои пријатно ги изненади своите фанови.
Имено, атрактивната фолк-пејачка направи вистинска драма кога се појави во тесниот сребрен фустан со кој многу малку остави на фантазијата.
Ова можеби е едно од најризичните изданија во кои сме ја виделе пејачката која е мајка на две деца. Во прашање е екстремно кус модел со голем отвор на грбот, а Гавазова го носеше со шик сребрени сандали со екстремно високи потпетици и коса врзана во високо коњско опавче.
Гавазова која за неколку дена ќе заплови во петтата деценија од животот на една фотографија позираше свртена со грбот, а во центарот на вниманието покрај голиот грб и убавите нозе е и нејзината затегната „позадина“.
Таа за ова издание доби голем број лајкови и комплименти на сметка на нејзиниот атрактивен изглед.
Па, дали ви се допаѓа Гавазова во ова издание?