Нашата позната пејачка во овие бикини изгледа брутално – Наковска си грми и во шестата деценија (фото)
Анета Наковска некогаш и сега
Покажа како изгледаат моментите додека ужива на плажа
Нашата позната фолк-пејачка Анета Наковска (51) деновиве сподели неколку фотографии со кои воодушеви многумина.
Имено, таа покажа како изгледа додека ужива на плажа, покажувајќи го своето згодно тело – извајани нозе и убаво деколте.
Наковска носеше дводелен костим за капење во бела боја со што нејзиниот црн тен дополнително дојде до израз, а она што сите го забележаа е дека популарната фолк-пејачка во вакво издание се уште изгледа како и во најдобрите години.
Фото: Инстаграм/ Анета Наковска
Таа со ова свое издание деновиве им го привлече вниманието на своите фанови од Македонија иако долго време живее далеку од дома.
Фото: Инстаграм/ Анета Наковска
Таа во 2015 година се омажи за Македонец кој е роден и живее во Америка, па оттогаш живее на релација САД- Македонија.
Фото: Инстаграм/ Анета Наковска
Но Анета од другата страна на светот не заборава на своите верни обожаватели, а доказ за тоа се и нејзините објави.
Фото: Инстаграм/ Анета Наковска
Па така пејачката и со овие фотографии привлече внимание и сите се воодушевени од тоа што ја гледаат во вакво издание, но и се чудат како успева се уште да е толку згодна.
Како Анета изгледаше во ова свое издание, но и на почетокот од својата кариера, погледнете во продолжение…