Нашата позната манекенка повторно провоцира на Инстаграм – ја зазеде познатата поза и си поигра со оскудните бикини (фото)
Нашата познат модел Александра Накова сезоната за бањање ја отвори уште на почетокот на јуни и отогаш на Инстаграм речиси и да не можеме да ја видиме во нешто друго, освен во костими за капење.
Бидејќи повторно е мошне активна на социјалните мрежи, нејзиниот Инстаграм профил веќе е полн со фотографии на кои позира во оскудни бикини со кои ја крева температурата на социјалните мрежи.
Нејзините фотографии се вистински мелем за очи, а тоа можеме да го видиме и од бројните комплименти што ги добива под нив.
На последната фотографија таа носи сини бикини со бел пораб, заземајќи ја познатата поза во која девојките со рацете ги држат бикините.
Имено, благодарение на денешните инфлуенсерки и Инстаграм, ова лето е ИН позата во која девојките ги држат бикините кои изгледаат како туку што да ја изгубиле борбата со гравитацијата и дека ќе паднат.
Една од оние кои ја прославија оваа необична поза е познатата „плус-сајз“ манекенка Искра Лоренс, а ја обожава и убавата манекенка Деми Ловато.
Но мораме да признаеме дека и верзијата на Накова е топ
И додека за некои жени ова е бизарно и вулгарно за други пак ова е супер идеја бидејќи конечно знаат што да прават со рацете кога ќе застанат пред камерите.
Во продолжение погледнете уште неколку вакви и слични изданија на Накова во костими за капење…