Нашата позната дизајнерка во потполно проѕирен фустан го истакна своето беспрекорно тело

Нашата позната дизајнерка заблеска во долг проѕирен фустан со кој го истакна своето беспрекорно тело

Билјана Каран скокна во својот рачно изработен проѕирен фустан со кој речиси ништо не остави на фантазијата.
И додека жените беа воодушевени од тоалетата, претставниците на посилниот пол најверојатно беа фокусирани на она што се гледаше во огледалото. Имено, Билјана рацете ги постави на критично место, но и покај тоа во огледалото може да се види речиси сé. Но очигледно дека убавата дизајнерка нема проблем со тоа, а впрочем и нејзините следбеници кои и порачаа дека изгледа беспрекорно.

„Вау, овој фустан е само за тебе. Перфектно. “ „Совршен, исто како и ти, беа само некои од коментарите. Инаку, овој преубав проѕирен фустан е со нејзин потпис, а повеќе нејзини модели погледнете во продолжение.



Билјана неодамна во интервју за Гламур ја откри нејзината тајна како ја одржува својата витка линија.

„Искрено иако сум моден дизајнер не сум тип кој е опседнат со сопствениот изглед. Можеби поради тоа што моето дизајнерско око нема проблем да ја види убавината кај секоја жена и во се. Не сакам стереотипи на убавина и сметам дека тоа се коси со природните закони. Секоја жена и битие е уникатна креација, единствена и оригинална таква каква што е, прифаќајќи ја својата убавина без оглед дали таа е во склоп со моменталните светски трендови е предуслов да ја споделите со светот и уште повеќе да ја истакнете во стилот кој најдобро и прилега на Вашата фигура, тен и сензибилитет. Не гледам ништо убаво во тенденцијата да се копираме и личиме толку еден на друг, слепо пратејќи ги моменталните трендови, што го губиме сопствениот идентитет а со тоа и својата моќ вистински да блеснеме. Ја подржувам здравата исхрана и начин на живот поради ефектот и бенефитот кој го имаат на нашата добросостојба не поради мислењето кое би го имале другите за нас доколку сме дебели или слаби, и сметам дека секој треба да го најде својот спорт кој одговара и му годи на личниот сензибилитет и животен стил“, вели дизајнерката. Целото интервју можете да го прочитате тука…