Нашата позната водителка ја омажи ќерката – погледнете ги свадбените фотографии, невестата изгледаше како вистинска принцеза
Голема веселба во семејството на македонската водителка, многу луѓе дојдоа да ја споделат среќата со нив.
Гордана Ѓорчева имаме можност да ја гледаме скоро секој ден на фрекфенцијата на МТВ, каде работи како ТВ презентер.
Таа е и доста активна на социјалните мрежи на кои може да се вида и фотографии од нејзиното најтесно семејство.
Нејзиниот живот го обележа и трагедијата која ја доживеа.
Таа беше во брак со актерот Бранко Ѓорчев, кој битката со канцерот ја загуби во 2013 година.
Водителката понекогаш споделува и нивни фотографии со цел да го задржи сеќавањето на овој легендарен актер, а по згаснувањето на неговиот живот таа никогаш повторно не се омажи, ниту пак јавно проговори за приватноста.
Судејќи според објавите на Фејсбук може да се забележи дека Гордана кинечно го пронашла својот мир и среќа.
Таа максимално се посвети на својата ќерка и внукот кој го доби од неа.
Луција и Вања се нејзина најголема инспирација, но и мотив да продолжи да се бори.
Секој слободен момент Гордана го користи за да се дружи со Вања. Уживаат во прошетки во природа, прошетки низ градот, но и во убави семејни моменти.
Кога првпат го кренала Вања во рацете, таа почувствувала таква голема љубов што не би можела да ја опише со зборови.
„Па јас доживеав благослов од Бога да кренам во раце дете на моето дете. Па јас се растопив“ изјави таа и додаде:
„Откако Вања дојде на овој свет, јас сум во сосема друга димензија, за која немам објаснување“, изјави своевремено Гордана.
Деновиве Гордана сподели прекрасни вести на Фејсбук.
Имено, Луција и нејзиниот партнер одлучиле да склучат и законски брак и тоа на денот на роденденот на Вања.
Поради пандемијата, семејството се одлучи на скромна веселба на отворено, на која присуствуваа сите кои ним им се важни.
За оваа прилика Луција се одлучи за краток бел фустан, а младоженецот беше облечен во лежерна летна комбинација.
Парот, како што може да се забележи од фотографиите блескаше од среќа, а целиот амбиент беше украсен со бели детали, а имаше и дел посветен само на Вања и неговиот прв роденден.
Гордата баба Гордана сподели видеа и фотографии од целата атмосфера, а во опис напиша емотивна порака.
„Деца мили! Заврши вашата потрага по богатство. Се имате еден со друг, а најголемото богатство е плодот на вашата љубов. Сè е лесно кога ве води љубовта! Бидете вечни”, стои во објавата.
Среќната баба напиша и честитка за својата најголема радост.
„Вања, сонце мое! Ангел мој! Душа Моја, љубов немерлива!“
Ти си вистинско богатство. Секогаш ќе го памтам овој прекрасен ден кога во изминатава мачна пандемиска година ни дојде како благослов и порака од Бога дека и кога е најлошо секогаш се појавува светлина. Измешани емоции, возбуда, среќа, страв на мајка чие што чедо носи на свет свое чедо. Солзи под единствениот прозорец каде што гореше светло, и молба побрзо и полесно да ни дојдеш на овој свет. Часови во неизвесност и исчекување. Во моментот кога ја добив твојата прва фотографија срцето ми излета од радост, душата ми затрепери, на среќата и немаше крај. Денес после една година во која ни даруваш бескрајна љубов, безброј незаборавни мигови, ни измамуваш безброј насмевки и ни го правиш секој ден поубав, ти ја посакувам целата среќа на светот. Биди здрав, биди гордост, биди светлина, имај безгрижно детство, искачи ги сите врвови и чекори храбро низ животот.
Среќата нека биде твојот вечен сојузник. Расти и радувај ги мама и тато.
СРЕЌЕН ПРВ РОДЕНДЕН ЗЛАТО НАЈСАКАНО“, напиша Гордана.
Честитките не престануваа да се редат и денови подоцна.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение: