Нашата позната водителка се расплака сред Дубаи – Спенџарска си ја отвори душата, ова не го очекуваше
Не можеше да ги сокрие емоциите
Ова патување толку ја изненади нашата позната водителка што откри дека плачела кога пристигнала и го видела градот.
Водителката Јелена Спенџарска не крие колку е возбудена што конечно има прилика да отпатува на ова волшебно место.
Имено, Јелена ги спакува куферите и замина во Дубаи, и штом пристигна на луксузната дестинација се огласи на Инстаграм.
Таа сподели неколку снимки од прошетката низ ова луксузно место, но беше искрена и откри дека не можела да ги задржи емоциите, па веднаш по пристигнувањето заплакала од преголема возбуда.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Но како што самата потоа кажа, добила многу пораки и од други девојки на кои им се случило истото на ова место.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Водителката не крие колку е воодушевена, посебно што Дубаи веќе некое време се наоѓал на нејзината листа со желби.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Јелена потоа ја покажа и хотелската соба во која што ќе престојува, а објасни и дека немала време да ги среди работите, туку само ги фрлила куферите откако пристигнале и се сместиле во апартманот, и потоа веднаш заминале во обиколка на градот.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
А колку е возбудена од патувањето во Емиратите зборуваат и нејзините фотки, посебно оние на кои позираше во преубав фустан во црно-бел дезен, со препознатливата насмевка на лицето.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
„Хабиби, добредојде во Дубаи“, напиша шармантната водителка во описот на овие свои прекрасни фотографии употребувајќи го арапскиот збор што во превод значи „љубов“ или „мојот сакан“.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Како сето тоа изгледаше погледнете во продолжение…