Нашата позната водителка покажа дека е во топ форма – заради овие ФОТОГРАФИИ фановите се уште ја коментираат
Природна убавица
Јелена Спенџарска важи за една од најпознатите и најатрактивните македонски водителки, која и те како води сметка за својот изглед. Таа е една од оние што му немаат потклекнато на трендот на естетски зафати, па и понатаму го негува својот природен изглед.
Води сметка за исхраната и редовно спортува така што резултатот можеме да го видиме и од ова нејзино издание.
Имено, таа овој пат во преден план го истакна своето беспрекорно тело на кое не можете да му најдете ниту една мана.
Под фотографиите веднаш следуваа бројни коментари и комплименти од нејзините бројни фанови на Инстаграм.
Во описот на своите фотографии Спенџарска откри дека е на одмор во Сиде. Во прашање е еден од најпознатите антички градови во Турција и позната турситичка дестинација, сместен на мал полуостров на Средоземното море.
„Турците се познати по гостопримството, па цело време ќе бидете угостени со СЕ што ви е потребно. Луѓето имаат sence за туризам и немаат конкуренција!!! Доволно е само да посакате нешто, прават се да го добиете истото. Овој период е навистина многу топло, но каде има море,секоја температура се изрджува Засега се ни е супер, уживајте и вие во вашиот одмор каде и да сте“, напиша шармантната водителка под своите исто така „многу же*ки“ фотографии.
Инаку, Јелена важи за голем поддржувач на природниот изглед, па не ретко преку социјалните мрежи на им порачува на жените да се сакаат онакви какви што се.
Медиумите секој ден креираат некоја илузија за тоа како треба да изгледа женското тело и ние се фрливме на диети, гладувања теретани, приватни инструктори, пребарувања по нет кое е тоа магично апче што ќе нè направи да изгледаме како девојките од списанијата.“
„Тоа треба да го направиме за СЕБЕ, а не да им се допаднеме на другите. Затоа и ја прифатив понудата да бидам дел од кампањата на #mysfswimbody, да се охрабрам да облечам костим за капење без да си најдам триста недостатоци, да се погледнам во огледало и да си речам WOW!“ напиша Јелена во една пригода и додаде.
„Не се залажувајте дека јас сум слаба, па мене се ми стои, за какви недостатоци зборувам?! Искрено, посакувам подолги нозе, топ за*ник, топ дефинирани стомачни … листата е долга! Ама па … од друга страна … јас сум ова! Каква сум-таква сум! И прекрасна сум си“ пишува таа.
„Немам гајле ако не ти се допаѓам. Мојот живот … и тој е прекрасен и покрај твоето мислење“, заклучи Јелена под една од своите фотографии.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска