Нашата позната водителка позираше на плажа во издание со кое ги ВООДУШЕВИ СИТЕ – вакви панталони жените обожаваат
![](/wp-content/uploads/2023/03/elenainn.jpg)
Широките панталони се хит веќе неколку сезони, а ги обожава и нашата позната водителка.
![](/wp-content/uploads/2023/03/elena.jpg)
Македонската водителка Елена Стојановска-Јанковска објави неколку фотографии со кои ги воодушеви фановите.
Таа поминува преубави денови во Португалија каде замина да ги наполни батериите и да се подготви за новите предизвици.
Но Елена не заборави и на своите бројни обожаватели што ја следат на Инстаграм, па реши да покаже како ужива и на социјалните мрежи сподели неколку интересни фотографии направени на плажа.
![](/wp-content/uploads/2023/03/elena5.jpg)
Но она што посебно го привлече вниманието беше интересната сина комбинација во која што убавата водителка позираше.
![](/wp-content/uploads/2023/03/elena4.jpg)
Имено, водителката за оваа пригода избра широки сини панталони што ги носеше во комбинација со елегантна сина блуска со ситен цветен дезен, а целото издание го заокружи со тренди бели патики.
![](/wp-content/uploads/2023/03/elena3.jpg)
Фотографиите предизвикаа лавина од коментари, впрочем како и секое издание што Елена ќе го сподели на Инстаграм.
![](/wp-content/uploads/2023/03/elena2.jpg)
„Елена екстра изгледаш“, „Убавица“, „Најубавата Елена“, „Преубава, уживај во одморот“ беа само некои од коментарите.
![](/wp-content/uploads/2023/03/elena1.jpg)
Погледнете ги и останатите нејзини фотографии…
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска