Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната водителка никогаш не била посреќна – нејзината НАСЛЕДНИЧКА која се бори со paк прослави роденден

Реклама

Секој ден кај нив дома е нова причина за среќа, а сега имаа и зошто да слават.

Македонската водителка Јулија Мациевска повторно славеше заедно со својата ќерка.

Маркетинг

Јулија е жена која зрачи со својата позитивна енергија и буквално низ сите животни предизвици поминува со насмевка.

Изминативе години таа е и тренер за личен раст и развој и им помага на многу нејзини следбеници да се спознаат себеси и да го најдат својот мир и среќа.

Маркетинг
Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Уште на млади години го загуби сопругот и преку ноќ стана самохрана мајка, но тоа не ја спречи Јулија да ниже успеси и лавовски да се бори во животот.

Јавноста ја следеше и борбата на нејзината ќерка Андријана со ка-нцерот. Тие две беа пример и доказ за останатите дека со силна верба и волја може да се победи и најтешката болecт.

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Секој преглед и напредок на Андријана во болеста, Јулија го споделуваше јавно на социјалните мрежи, но никогаш поради самосожалување или поради внимание. Таа тоа го правеше со цел да изрази огромна благодарност до сите луѓе кои помагаа Андријана да ја добие својата битка, а исто така и за да бидат пример за останатите дека позитивната мисла и благодарноста се најдобрите сопатници во сите предизвици.

Минатата година за роденденот на нејзината ќерка Андријана, Јулија ја соопшти страшната вест, дека Андријана се бори со тешка болест.

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Но, во ниту еден момент не подлегнаа на негативната енергија и секогаш со насмевка излегуваа од болница.

Оваа година, Андријана го прослаи својата роденден здрава и благодарна што ужива во животот.

Јулија не се воздржа, па јавно ѝ го честитша роденденот, а воедно напиша и емотивна порака, која предизвика солзи кај многумина.

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

„Среќен роденден Адријана

Девојче мое, Хероино, Лавице, Убавице, Светлино … Ти благодарам што постоиш, ти благодарам за секој ден, секој миг од кога си родена, во мојот живот веќе ништо не беше исто. Но, оваа година што измина, направи таков пресврт во нашите животи, дури и да сакавме, не можеме ниту да го замислиме, ниту да го измислиме. Помина една година … минатата година на твојот роденден со тешка дијагноза, со болки кои едвај ги ублаживме за да можеш да застанеш на нозе и да се сликаме со роденденската торта што едвај ја купивме. Со еден куп прашалници, кои и не можевме да ги изговориме … Не‘ болеше сите, не знаевме колку или каде … но сепак застанавме, се насмеавме, се сликавме на твојата роденденска забава … со Верба дека и догодина ќе славиме.

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

И еве, сине мило, помина една година … стоиш на нозе, можеш повторно да одиш, да се смееш, да се сликаш, да ја рашириш светлината и да сведочиш, како што и самата велиш за твојот нов живот, на твоето ново раѓање.

Што да ти кажам, Светлино моја … ќе биде премалку, а ти знаеш, знаеш се‘, зошто си дел од мене … ти ја познаваш мојата душа, ти ја познаваш својата мајка. Горда сум на тебе, не од егото, туку од љубов. Ти направи квантен скок, ти си моето чудо, Љубов, која од љубовта повторно се раѓа… ооох, му благодарам на Бога, Му благодарам понизно до земја и високо до небото, до бесконечност … Му благодарам што милостиво ни ја подаде својата десница и чекор по чекор, денес го славиме Твојот нов живот во Бога и од Бога.

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Мајчиното срце денес е радосно, иако солзите сами капат, додека ги пишувам овие редови. Но, срцето ми е полно со љубов, благодарност и верба дека заслужуваме заедно да одиме по патот на љубовта, по патот на светлината и да му служиме на Бога, како и досега.

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Биди ми здрава, среќна, весела … мојот Ан. Колку си силна, покажи ни … продолжи да чекориш храбро и со самодоверба, со светлината дадена од Бога, и немој никогаш да се сомневаш во Божјиот план, зошто Бог има прекрасен план за Тебе.

Те сакам јас и Стеф, со сето свое срце“, напиша Јулија на Фејсбук.

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук / Јулија Мациевска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button