Нашата позната водителка му се обрати на саканиот со ПРЕУБАВИ ВЕСТИ, ова е момчето што ја освои
Објави фотографии со саканиот, ова беше посебен ден за нив
Поранешната манекенка и водителка Ведрана Ѓорѓевиќ (36) прослави годишнина со мажот на нејзиниот живот.
Нивната љубов трае веќе неколку годни, а Ведрана во февруари му кажа „ДА“ на својот сакан кога тој ја запроси на една од најубавите плажи на Занзибар. Како што самата Ведрана откри во една пригода, таа го запознала Андрија во музичкиот бар „Интермецо“ кога тој пуштал музика.
Но тој тогаш бил во врска, така што биле само пријатели, а по една година се сретнале во Охрид и таму започнува нивната љубовна приказна која трае и денес.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
И тие деновиве прославија годишнина, а по тој повод и двајцата објавија заеднички фотографии на Инстаграм.
Од овие фотографии можеме да го видиме и моментот на запросување, но и многу други нивни заеднички моменти.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Потсетуваме, Ведрана својата кариера ја започна како манекенка, но таа и денес, со своето тело од 183 сантиметри и шарм од милион долари никого не остава рамнодушен. Тоа впрочем најдобро може да се забележи од нејзините фотографии што редовно ги објавува на социјалните мрежи, а под кои секогаш добива бројни комплименти на сметка на својот изглед.
Некои од овие нејзини изданија погледнете во продолжение…