Нашата позната водителка и на 50 години има тело на неодолива божица – во бикини го руши интернетот
Тело како нејзиното посакува секоја девојка
Ирена ја раситни шестата деценија, а изгледа како девојка.
Ирена Спировска со години се вбројува меѓу најзгодните и најубави жени на нашата естрада.
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спировска
Нејзината витка фигура ја одржува со редовно вежбање, а голема страст ѝ е планинарењето.
Секој слободен момент Ирена го користи да ужива во природните убавини и планинарењето.
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спировска
Во интервју за Гламур, Ирена откри дека веќе 20 години е вегетиријанец, што исто така придонесува за одржување на витката линија.
„Речиси 20 години сум вегетаријанец, така што готвењето најчесто го сведувам на подготовка на јадења од зеленчук, риба и тестенини, па токму овие јадења и знам најдобро да ги приготвувам“, изјави Ирена.
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спировска
Задоволна жена е и среќна жена, а тоа се гледа и на нејзините фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.
Нејзин заштитен знак е кадравата коса и никогаш во текот на кариерата нема направено драстични промени на својот изглед.
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спировска
Најголема поддршка во ѐ што прави е нејзиниот партнер Душко Исајловски.
Не сака многу во јавност да зборува за својот приватен живот, но понекогаш знае да сподели фотографии со својот сакан.
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спировска
Заедно се 5 години, но првата година ја поминаа во тајност и за нивната љубов знаеја само нивните најблиски.
Потесетуваме, згодната водителка годинава го прослави 50 роденден и тоа ни повеќе, ни помалку, туку на плажа.
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спировска
Иако ја раситни шестата деценија од животот, Ирена изгледа минимум 2 децени помладо, а линија како нејзината посакуваат многу девојки.
Доказ за тоа се фотографиите на кои позира во бикини.
„Добредојдовте 50“, напиша тогаш Ирена.