Нашата позната водителка и во шестата деценија изгледа подобро од многу свои помлади колешки (фото)
Еве како Сузана Турунџиева ужива во костим за капење на една од најубавите плажи во Грција

Негувана дама што блеска во секое издание
Своите фанови на социјалните мрежи ги почести со фотографии од одморот, а еден детаљ посебно привлече вниманието.
Нашата позната водителка, пејачка и писателка Сузана Турунџиева и ова лето со своите фотографии во костими за капење ги воодушеви сите.
Таа и во шестата деценија од животот изгледа феноменално, а нејзините објави се како разгледници од некои егзотични дестинации.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Тоа впрочем можеме да го видиме и на нејзината последна објава каде Сузана во костим за капење зрачи како никогаш досега.
Секогаш негувана и со широка насмевка Турунџиева никогаш не го крие својот ведар дух и задоволството што го чувствува одвнатре и кои што се отсликуваат и на нејзината надворешност.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Таа со овие свои фотографии покажа како ужива во секој момент од животот, но и каде го бара спасот од летните температури.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Посебно внимание привлече и со фотографијата направена на една од најубавите и најпознатите плажи во Грција, а под која напиша:
„Единствениот поглед од кој секогаш одново ми запира здивот“, стои во коментарот под следната фотографија на Сузана.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
„Лефкада, една и единствена, најубава“, „На омилената си ни плажа, боли глава, нели?“ беа само некои од коментарите што Турунџиева ги доби од своите верни фанови под овие фотографии.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Инстаграм/ Сузана Турунџиева