Нашата позната водителка ги изненади сите – кога е раскопчана од глава до пети изгледа брутално
Во вакво издание ретко ја гледаме

Познатата водителка се фотографираше во костим за капење
Познатата македонска водителка Елена Најдоски, позната по емисијата „Живот со стил“, објави фотки од нејзиното летување.
Таа веднаш предизвика лавина од коментари и сите се согласни дека изгледа одлично во ова свое летно издание.
Имено, шармантната водителка позираше во бел дводелен модел на костим за капење, со бели очила за сонце и шешир на главата, а целото издание дополнително го зачини со преубава наметка за на плажа која секоја дама би ја посакала во своите плакари.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
„Уживање во рајот“, напиша таа под фотографиите, а во коментарите многумина и порачаа дека изгледа прекрасно во ова свое издание.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Инаку, ова не е прв пат ова лето водителката да покаже како ужива на некоја егзотична дестинација и да ги воодушеви своите следбеници.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Таа на секоја своја фотографија изгледа како на разгледница, а нејзините модни изданија се одлична инспирација за многу дами.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Сепак фотографиите на кои позира во шик костими за капење најмногу провлекуваат внимание ова лето на нејзиниот профил на Инстаграм, а жените се воодушевени од моделите што ги носи.
Некои од нив погледнете во продолжение: