Убавата водителка на телевизија Сител објави фотографија со која ги воодушеви сите на социјалните мрежи.
Во прашање е мошне интересна модна комбинација на водителката на утринската програма на Сител, Јована Стојменовиќ, која дефинитивно во прва следна прилика би ја пробале и ние. Имено, убавата водителка „фура“ широки панталони кои во долниот дел завршуваат со трапез крој, а впечатливата црвена боја одлично ја вклопи со бела, тесна кошула која ја носеше со „свиткани“ ракави.
Ѕвонарките веќе неколку сезони се еден од водечките трендови, а познатите дами постојано наоѓаат нови трикови како да ги комбинираат на оригинален начин. Нивна најголема предност е што одлично стојат на секој облик на женското тело, а можете да ги носите како со лежерни топови со голи раменици или туники, така и со кошули, па дури и со маички.
Што се однесува до Јована, таа ова интересно летно издание го заокружи со шик високи потпетици во боја на коњак и нејзината преубава коса.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Јована?