Нашата позната водителка во фустан за жени со голема самодоверба – овој детаљ го забележаа сите
Уште едно издание кое заслужува чиста десетка
Нашата позната водителка Милена Антовска-Станковска и овој пат привлече внимание со својата модна приказна.
Милена, која секогаш е елегантно облечена и зрачи со својот неприкосновен шарм, овој пат ги изненади сите со ова свое издание.
Имено, водителката одвреме-навреме сака да си „поигра“ со модата, па сега тоа го направи со еден совршен летен фустан.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Таа позираше во лифт, облечена во сако-фустан без ракави, а целото издание го зачини со црвен кармин и црна кожна чанта.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
„И денеска да не ми се налути лифтот“, напиша Милена под снимката со која ги насмеа своите бројни фанови.
Фустанот што овој пат го носеше беше со суптилно деколте во „V“ израз и го красеа копчиња во два реда, како и џебовите, додека минималистичкиот шлиц и должината ги истакнаа нејзините нозе во преден план.
Дизајнот беше со интересен крој и совршено ја истакна линијата на водителката, а она што многумина го забележаа беше и нејзината чанта.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Во прашање е кожен модел во „бохо“ стил со ремен кој водителката го носеше преку рамото, и која совршено се вклопи со фустанот.
Но покрај ова свое интересно модно издание, Милена сподели уште нешто со кое што ги изненади своите фанови.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Имено водителката објави и фотографија од своите родители со која му го честиташе роденденот на својот татко.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
„Тато среќен роденден, да си ни жив и здрав. Нека ви се среќни 40 години брак со мама, среќни сме што ве имаме“, напиша Милена.