Нашата позната актерка скршена од болка откако остана без една од НАЈВАЖНИТЕ ЛИЧНОСТИ во нејзиниот живот
Популарната македонска актерка доживеа голема тага.
Весна Бејби Петрушевска е една од најпознатите и најангажираните македонски актери.
Цела една генерација порасна со нејзините улоги, но и со нејзините емисии.
Актерката Весна Петрушевска, голема популарност стекна и со нејзината емисија „Вртелешка“.
Во текот на својата кариера како водителка, секако и како актерка, таа имала можност да се дружи со многу популарни личности од Балканот.
Весна својата кариера ја започнала кога имала само 14 години со настап на македонскиот театар.
На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу „Пулсирање“.
Зад себе има многу театарски и филмски улоги, но како шлаг на тортата е нејзината улога на госпоѓа министерка во истоимената претстава, која е изведена над 150 пати.
Таа исто така има и своја актерка школа „Бејби шоу“ од која излегуваат многу талентирани дечиња, идни успешни актери.
Приватно е мајка на две деца, Мина и Кирил, кои ги посвои додека беше во брак со поранешниот сопруг.
Тие се нејзината најголема љубив, поддршка и мотив да се бори за поголеми успеси.
На социјалните мрежи Бејби соопшти дека се случила голема тpaгeдиja во нејзиното семејство.
Згасна животот на нејзиниот татко.
Таа сподели негова фотографија и напиша емотивна порака посветена на него.
„Драги пријатели и роднини, утрово мојот најмил деди почина во 630
сабајле Kiril Petrusev ги известуваме сите пријатели кои сакаат да се поздрават со Кики може да дојдат во сабота на 11ти декември во капела од 12-13 часот во Бутел во една од нивните капели.Ужасно ми е тешко и нема никогаш да престане да ни недостасува твојата широка насмевка, исклучителниот дух и несебичната љубов.Те сакам тато, те сакам затоа што беше нежен со нас,со внуците Ема,Јана,Мина и Кирил ,со зетот Џоле ,со Вики….ќе ми недостасува восхитот на љубовта која ја имавте со мама Saska Petrusevska вечни тинејџерии прва љубов која инспирираше те сакаме бескрајно нека ти е светол патот татичко одмори се“, напиша таа.
ФОТО: Инстаграм / Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм / Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм / Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм / Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм / Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм / Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм / Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм / Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм / Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм / Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм / Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм / Весна Петрушевска